Бугарскиот премиер Бојко Борисов, на средбата денеска во Давос на Светскиот економски форум со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, уште еднаш ја потврдил поддршката на Бугарија за започнување на преговорите за членство на Македонија со Европската Унија.

Како што соопштија од Кабинетот бугарскиот премиер, Борисов изразил очекување дека работата на заедничката мултидисциплинарна комисија меѓу двете држави ќе продолжи во конструктивен дух и нема да биде засегната од политичката состојба во Македонија.

Борисов и Димитров разговарале и за заедничкото претстојно претседателство со Берлинскиот процес во 2020 година. Во фокусот на нивниот разговор беше позитивниот развој на билатералните односи по склучувањето на Договорот за пријателство, соседство и соработка, пренесуваат бугарските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.