Македонија го признава Хуан Гуаидо за вршител на должноста претседател на Венецуела, напиша денеска на Твитер македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

„Република Македонија, во согласност со своите европски партнери, го поддржува и го смета претседателот на собранието на Венецуела, Гуаидо, за привремен претседател, во согласност со Уставот, за да ги спроведе претседателските избори слободно, праведно и демократски“, напиша Димитров.

Велика Британија, Шпанија, Франција и Шведска денеска го признаа Гуаидо за вршител на должноста претседател, откако Николас Мадуро пркосно го отфрли ултиматумот од европските земји да свика предвремени избори. Италија со вето ја спречи ЕУ да го признае Гуаидо за претседател на Венецуела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.