Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров го поздрави усвојувањето на Извештајот на Република Македонија, но изрази жалење што не поминал амандманот на Зелените и Социјалистите во врска со непримерно и провокативно однесување на бугарските власти кон земјава.

Амандманот преку кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија кон Македонија не помина поради блокада на европратениците од Европската народна партија и Европските конзервативци.

Сакам да го поздравам усвојувањето на Резолуцијата на ЕП со големо мнозинство, вклучувајќи го и компромисот кој е постигнат околу вордингот за пристапувањето дека билатералните прашања не смеаат да бидат користени за блокирање на пристапниот процес. Но не можам да избегнам да не ги спомнам некои од амандманите за кои се гласаше денеска. Сакам да изразам жалење и разочараност што беа усвоени амандманите 3 и 4 поднесени од ЕПП-групата, и би сакаал да изразам жалење што амандманот 2 поднесен од Белка, Пицула, Фајон и Шидер не доби поддршка од мнозинството – изјави Димитров во обраќањето на 18. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Македонија и ЕУ.

Едниот амандман на ЕПП се однесуваше на одлуката на ЕП дека претходните препораки за недискриминација на луѓе кои отворено изјаснуваат дека се со бугарски припадност или потекло, не се имплементирани и сè уште е проблем да се каже дека имаат нешто заедничко со Бугарија. Другиот, како што изјави, бугарскиот европратеник од ЕПП Андреј Ковачев инсистира на „историско помирување засновано заедничка бугарска историја, како што е запишано во Договорот за пријателство и добрососедство“.

Во однос на спорот со Бугарија, Димитров вели дека на неколку дена од изборите во оваа соседна земја, ние сме посветени да продолжиме со билатералните напори, вклучувајќи ги и напорите на португалкското претседателство, за изнаоѓање начин да го надминеме прашањето, со цел да создадеме ситуација во која Софија, вели, ќе им се придружи на земјите-членки и да се постигне консензус во однос на усвојувањето на преговарачката рамка за конечно да се одржи првата меѓувалдина конференција и ги почнеме преговорите.

Во прашање се многу работи вклучувајќи го и кредибилитетот на ЕУ во регионот – вели Димитров.

Тој потсети на европскиот пат на Македонија досега и укажа дерка оваа година земјата одбележува 20 години од Догооворот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и 16 години од добивањето на статусот на земја-кандидат, како и за бројните препораки на ЕУ за старт на преговорите, решавањето на спорот со Грција, усвојувањето на новата методологија и зеленото светло за старт на преговотрите во март, лани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.