На министерскиот состанок на земјите членки на ЕУ кои се дел од групата ПЕС, Никола Димитреов пред министрите образложил зошто Северна Македонија заслужува да добие одлука за отпочнување преговори за членство во Унијата.

Во моментов станува збор за одлука за Северна Македонија, земја која 14 години чека почеток на преговори со ЕУ, притоа решавајќи го ,невозможното’ на надворешен план и правејќи целосен демократски пресврт на домашен план. Но, станува збор и за политиката на проширување на ЕУ и за европската перспектива за самиот Балкан. Во суштина, станува збор за тоа дали ЕУ ќе го остави светилникот вклучен”, рекол Димитров пред министрите, според соопштението на МНР.

Состанокот, со кој преседавал германскиот министер за Европа, Михаел Рот, се одржа непосредно пред почетокот на Советот за општи работи на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.