Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров со цитат од Крушевскиот манифест на неговиот официјален фб профил го честита националниот праник 2 Август – Илинден со порака дека наследството што треба да го чествуваме од нашите Илинденци и Асномци се соживот, еднаквост, државотворност, правда и слобода.

Елате при нас, браќа да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат, да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат!” 2-ри Август е ден на сите Македонци без оглед на нивната идеолошка или политичка припадност, но и на сите наши граѓанки и граѓани, без оглед на етничката или верската припадност. И токму тоа е наследството што треба да го чествуваме од нашите Илинденци и Асномци – соживот, еднаквост, државотворност, правда и слобода. Честит Илинден!, пишува на фејсбук статусот на вицепремиерот Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.