Министерот за надворешни работи Никола Димитров во гостување во „Вин Вин“ на телевизија Телма му одговори на градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ кој на Фејсбук го навреди дека шефот на дипломатијата е идиот, па го избриша постот. Богдановиќ квалификацијата за Димитров ја упати откако министерот за надворешни повика да се бојкотира доделувањето на Нобеловата награда за литература на Петер  Хандке.

За повикот за бојкот на доделувањето на Нобеловата награда за литература Димитров рече дека не се водел од тоа дека премиерот Зоран Заев отпаднал од конкуренција.

Воопшто не ми дојде на умот нашата кандидатура, Заев беше кандидат за нобелова награда за мир, ова беше за литература. Во нашиот регион се случи и според Хашкиот трибунал, првиот геноцид по Втората светска војана, геноцидот во Сребреница. Светот ќе биде подобро место ако имаме доблест да застанеме на вистинската страна од историјата. Тоа беше целта. Важно е да имаме принципиелна надворешна политика – рече Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.