Откако на денешната прес конференција вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи најави нов почеток на преговорите со ЕУ, министерот за надворешни работи, Никола Димотров, по вчерашниот состанок на КОРЕПЕР, вели дека имал контакти со повеќе земји членки на унијата и дека добил позитивни пораки, но не и гаранции дека Македонија ќе добие датум за старт на преговорите.

Денеска продолжува дебатата во КОРЕПЕР, има позитивни сигнали, но никој не дава гаранции, односно работата не е завршена докрај. Прво КОРЕПЕР не е тело што носи политички одлуки и второ во овој момент се прават напори како да се одржи состанокот на Советот за општи работи на 24 март во Брисел. Мислам дека ЕУ многу ќе згреши ако испрати порака дека е толку многу оптеретена од здравствената криза што не можат да носат други одлуки. Но и нашите политичари треба да бидат внимателни со изјавите кои ги даваат по разочарувањето од минатите самити на ЕУ, порача Димитров откако утрово вицепремиерот за европски прашања изјави дека ЕУ постигнал консензус за отворање на пристапни преговори со Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.