Министерот за надворешни работи Никола Димитров во емисијата Топ тема на Телма, во врска со Договорот со Бугарија и работата на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, која успеа да најде заеднички јазик за праиисторијата, антиката, па и за средниот век, но се уште не и за ликот и делото на Гоце Делчев, вели дека ваквите прашања треба да се решаваат со многу мудар пристап.

Нагласува има разлика во очекувањата на двете страни во Комисијата. Појаснува дека Софија сака побрзо да се усогласат спорните делови од историјата, „а наша задача е да им создадеме на историчарите услови, во кои ќе можат да донесат вистински решенија засновани на факти, но и меѓусебно почитување“.

На прашањето дали изјавите дека Гоце Делчев е Бугарин остава простор за ваков пристап, Димитров нагласи дека во Софија му било поставено обратното прашање.

Јас не сум историчар, а тука станува збор за еден од нашите најголеми херои, длабоко втелемен во нашата државност, кој дејствувал и кога не сме имале своја држава, рече шефот на дипломатијата и додаде дека идентитетско-културните прашања треба да бидат предмет на историчари и антрополози, кои ќе ги имаат предвид двете перспективи.

Напомена дека постојат две ситуации кога може да дојде до уривање на овој процес.

Првиот ризик е ако се преправаме дека се зближуваме и дека разговараме за тешки прашања, а другиот ризик е ако има условување и несоодветен притисок, имајќи предвид дека Бугарија е земја-членка на Унијата, додаде тој.

 

Тука, кај Гоце, процесот не оди така мазно, има проблеми на имплементација на еден важен и тежок Договор. Решението е да не влеземе во конфликт, туку да најдеме начин ние да ги разбереме нив и тие да не разберат нас, нагласи шефот на дипломатијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.