Министерот за надворешни работи Никола Димитров најави дека ќе се бори со Грција за користењето на кратенката „МКД“, откако Генералштабот на грчката армија одби да потпише таков документ.

Ние сме целосно посветени на сите наши правни обврски од Преспанскиот договор, за кратенките, односно кодот е или мк или мкд, во однос на регистарските таблички, ќе треба да се разговара. Се популаризираше вчера и завчера во некои грчки медиуми. Преспанскиот договор е деликатно постигнат баланс и сите елементи што се добри за другата страна, се важни за балансот да се задржи. Јас сум убеден дека низ разговор ќе има примена на сите одредби од договорот, кој е склучен и правно обврзувачки-објасни Димитров на прашањето на „Република.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.