Најмалку што Европската унија му должи на регионот е да биде директна со нас, напиша денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров обраќајќи се до лидерите на ЕУ преку серија од твитови.

Доколку веќе нема консензус за европската иднина на Западен Балкан, ако ветувањето од самитот во Солун 2003 не е веќе валидно, граѓаните заслужуваат да го знаат тоа, пишува Димитров.

Тој истпрати благодарност до сите лидери кои, како што вели, „се бореа напорно за ЕУ да отвори пристпни преговори, признавајќи ги постигнувањето на историскиот Преспански договор, поттикнувањето на домашните реформи и поддржување на европскиот наратив во Северна Македонија, земја-кандидат веќе 14 години“.

Додека чекаме обновен консензус, мора да продолжиме да ги браниме вистинските европски вредности дома, напиша Димитров на „Твитер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.