Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денес се сретна со новоименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнс, која му ги предаде копиите на акредитивните писма за нејзино именување за амбасадор на САД во Република Северна Македонија.

Доаѓате во време на можности. Имаме многу направено во правец на исполнување на нашите клучни стратешки цели, иако останува уште работа пред нас. Нашиот прогрес ќе овозможи позитивно да влијаеме врз европскиот и евроатлантскиот пат на регионот “, изјави министерот Димитров и се заблагодари за континуираната и цврста поддршка од САД за остварување на евроатланските аспирации на нашата држава.

 

Амбасадорката Брнс изрази задоволство од можноста да работи и лично придонесе во зајакнувањето на односите меѓу двете држави.

 

Извонреден напредок е направен во Северна Македонија. Важно е да се искористи овој моментум кон отворање нови можности и перспективи за државата”, рече амбасадорката Брнс и ја нагласи поддршката на американската влада за продолжување на нашата реформска агенда.

Димитров на средбата се заблагодарил за контиунираната и цврста поддршка од САД за евроатланските аспирации на нашата земја. Со увереност дека истата ќе продолжи со несмален интензитет и во иднина.
 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.