Поранешниот премиер и екс лидер на СДСМ, Зоран Заев го прошетал сегашниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски неколку пати по странство, а потоа го ставил за претседател на партијата, сподели градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски во летното издание „Клик21“ на ТВ21.

Како да биде сменето кога едниот го доведе другиот, го прошета 2-3 пати по странство на конференции, се правеа пародии со него и на крајот го ставија на местото каде што е, вели Димитриевски.

Димитриевски вели дека очекувал многу од Ковачевски, но партијата сега „пукала“ од сите страни.

Оваа АД СДСМ првично ги брка оние кои победуваат, а ги чува оние кои никогаш немаат победено, вели Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.