Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, во дебатната емисија на ТВ Плус за локалните избори со против кандидатите за градоначалници потенцираше дека Куманово е еден од ретките градови што има гасификација.

Во изминатите четири години испорачани се над 2.100.000м3 гас до потрошувачите. Изградена е 4.500м гасоводна мрежа, доведен е гас во близина на повеќе клучни јавни институции и установи. Исто така, вложено е и во енергетска ефикасност на училиштата. Во идниот мандат, предвидено е ширење на гасификациона мрежа и гасифицирање со фокус на сите јавни објекти на територија на Општина Куманово и индустриски капацитети во село Добрашане, населба Карпош, индустриска зона Новини и Речица, како и гасификација на домаќинствата на локации, каде што веќе имаме постоечка гасоводна мрежа. Предвидено е намалување на цената за приклучок на гасоводна мрежа, како и гасификација и вложување во енергетска ефикасност на општинските училишта, рече Димитроевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.