Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во вчерашното гостување во емисијата Клик Плус на телевизија 21 потенцираше дека Македонија и Бугарија во овој момент поради францускиот предлог и други лоши изјави што дојдоа на релација Софија-Скопје сме светлосни години одалечени.

Она што Жељу Желев и Киро Глигоров успеаа историски да го приближат, овие политички елити од едната и другата страна го одалечија со години. Замислете, дојде моментот кога тоа никогаш во пракса не било барем последните 30тина години да постепено се одалечуваат и граѓаните, што е жално. Но, пристапот од официјална Софија беше негативен, затоа што нивните официјални челници кои во момент или премолчуваа или атакуваа на нашата политика и на нашиот македонски јазик, култура, народ, самобитност, државност, рече Димитриевски.

Димитриевски посочи дека уставните промени воопшто не се проблем за него доколку има реципроцитет од двете страни.

Вие признавате народ којшто претходно има обврска вас да ве признае. Ние имаме таков принцип, такво уставно уредување кадешто сме отворени да ги признаеме сите граѓани. Ако на пописот се изјаснил и еден граѓанин дека се чувствува како етнички бугарин во државата јас тоа го почитувам и тие треба да имаат свое место во Уставот, но прво матичната држава т.е Бугарија официјално ќе треба да го признае македонското малцинство, а не да реагира вака како што во овие моменти негациски реагира кон македонското малцинство кое реално постои во таа држава, изјави Димитриевски.

Додаде дека доколку има референдум ќе излезе прв и ќе гласа против.

Сметам дека референдумот е задоцнета тема затоа што кога излеговме како здружение пред повеќе од три месеци со конкретен предлог пред да се стави договорот на изјаснување во Парламентот граѓаните на референдумот да се изјаснат никој не ни обрна внимание, ни позицијата, ни опозицијата. Земете ги десетте точки кои ги усвоивме пред повеќе од три месеци, всушност деветтата точка е токму таа по однос на референдумското прашање. Не може да одлучувате за граѓаните кога тие се противат на сите анкети, секоја власт којашто не се држела до народот всушност станувала само форма, никогаш реална власт, истакна Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.