Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ е изненадена и згрозена од квалификациите кои постојано се упатуваат кон независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски.

Во врска со изнесените невистини во однос за наводно здружување со злосторнички режим, би сакале да прашаме следното:

– До каде е истрагата на бегството на Никола Груевски? Зошто никој се уште не сноси одговорност? Каква е инволвираноста на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и потпретседател на СДСМ во овој случај?

– Како успеа на МВР да му побегне Никола Груевски, но и Сашо Мијалков?

– Настаните од 27 април и од Диво насеље не можат да се заборават никогаш. Сите фајлови за настаните во Диво Насеље се во Министерството за внатрешни работи, зошто Спасовски не објави кој е сценарист, а кој режисер?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.