Изминатите четири години во Куманово се вложи многу во спортски капацитети, во градење на спортски терени, игралишта. Се вложуваше во училишниот спорт, се организираа спортски турнири и манифестации.
Куманово во 2019 година стана Европски град на спортот за 2019 година.

Поддршката од спортистите и спортските клубови е дополнителна мотивација за наше Куманово! Во следните 4 години продолжуваме со вложување во спортот и спортските капацитети, ќе го јакнеме спортскиот дух и правилен развој на идните генерации. Кумановци активно практикуваат спорт од 8 до 88 години, затоа Куманово е спортски град во вистинска смисла на зборот – вели независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски.

Бидете на страната на граѓаните, на 31-ви октомври излезете и гласајте за мое, за твое и за наше Куманово, повика тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.