Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска оствари средба со претставници од Меѓународното полициско здружение ИПА, од земјите во регионот Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора, БиХ и Македонија.

На денешната средба што се одржа во просториите на општината со претставниците од Меѓународното полициско здружение ИПА разменивме искуства и можности за успешна соработка, кои се во насока за продолжување на идните проекти и обуки на Одделот ИПА Македонија, како и за отворање на канцеларија во нашиот град по повод 10 – годишниот јубилеј на ИПА – Регион Куманово, за поддршка и развојна стратегија на полициските службеници, рече Димитриевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.