Кумановскиот градоначалник Максим Димиетриевски во вечерашното гостување на „Топ тема“ рече дека тој град е оставен сам на себе.

Не се работи тука само за социјална помош и пакети. Министерството за труд и социјална политика е апсолутно отсутно. Не присуствува на ниту една седница на општинскиот штаб за заштита и спасување. Едноставно на штабовите се гледа како од второ ниво, рече Димитриевски.

Апелираше да се прават што е можно поголем број тестови.

Едно е тоа што се случува горе, во кабинет, друго е што се случува долу на теренот. Ние побаравме да дојдат претставници од Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести да ја посетат нашата кумановска болница за да ги утврдиме капацитетите бидејќи таа опслужува поширок регион. Но за жал втор ден немам одговор, рече Димитриевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.