Запознаен сум со случајот. Живееме во едно општество во коешто конгломерат од луѓе кои се групирани во врвови на политички партии, особено на оние кои владеат, а со коишто јас расчистив секогаш се организираат да ги прикажат оние кои се жртва за главни виновници изјави Максим Димитриевски за спорниот случај.

Тоа е комплетно монтиран случај. Прво, самата снимка се слуша дека кандидатот за советник не нуди поткуп, туку од него се бараат средства. Уште од самиот почеток сум запознаен со таа случка. Тоа лице се има обратено и до мене, се има понудено да даде поддршка во изборниот процес. Го имаме упатено во надлежниот изборен штаб кадешто живее. Се сретнал со одговорното лице во тој штаб и побарал да му се дадат средства за да
обезбеди гласови. Од моја страна, кога бев информиран изрично реков дека ние не се занимаваме со такви работи. Ниту сакаме, ниту пак ќе дозволиме да го прекршуваме законот и да нудиме средства за купување на гласови“,истакна Димитриевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.