Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски во дебатната емисија на МТВ, потенцираше дека прави сè за да го менува Куманово на подобро.

Ја деблокиравме општината и создадовме ред. Го покачивме позитивното мислење за општинската администрација. Имав проблем вработените од ресторани и кафани во работно време да ги приберам. Некои си заминаа, некои професионално останаа да работат. Но, една работа ме чуди. Како тоа до вчера, до пред еден ипол месец бев еден од најдобрите градоначалници на Социјалдемократскиот сојуз, а отсега, од овој момент сум најлошиот токму за истите тие. Имате еден куп изјави. И на лидерите и на претставници. Се сликале со многу проекти коишто ги имаме имплементирано и јас како градоначалник. И наеднаш сега Максим Димитриевски не чини. Тоа е голема непринципиелност. Па се води една црна кампања. Јас не се грижам за тоа. Мојот акцент се граѓаните на Куманово. Јас продолжувам со имплементација на програмата, во моментов се работи, а ќе се работи и по 31-ви октомври“, рече Димитриевски.

Во емисијата, тој истакна дека Куманово заслужува да има нови зелени површини и истите ќе ги добие.

Куманово заслужува три нови градски парка, нови урбани скверови, продолжување на улици, пробивање на булевари Октомвриска револуција, 5 кружни токови, без разлика на сите опструкции ние ќе продолжиме. Не може Куманово никој да го згасне, ниту пак да го направи некој приватна своина како што посакуваат поединци. Ако имате кампања којашто ви ја финансираат луѓе кои доаѓаат од градежниот бизнис и имаат намера да вцртуваат локации, маркица, нудиме да градите детска градинка. Имате локација Ореов лад во Куманово коешто е всушност купена од градежниците и сакаат да прецртаат детска градинка и да стават комплекс на згради, јас велам не може ќе се гради детска градинка, тие се во штабот на господинот Илиевски сега и ми викаат па ние ќе садиме кромид, ама некој друг ќе дојде и ќе потпише, а ние дотогаш кромид ќе садиме. Што очекувате дотогаш дека ќе развиете?“, истакна Димитриевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.