Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, одговарајќи на новинарски прашања за изборот на лидер на СДСМ, им посака успех на кандидатите, додавајќи дека нема да коментира имиња, ниту, пак, ќе се меша во внатрепартиски постапки за избор на претседател.

Според Димитриевски, на Социјалдемократскиот сојуз му се потребни суштински реформи и најмалку што му е потребно во овој момент е „да избира лидери кои се во сенка на поединци“.

Во една прилика реков и повторно ќе повторам без разлика на студениот однос на мојот политички субјект и на раководството коешто во моментов менаџира со него, на Социјалдемократскиот сојуз му се потребни суштински реформи и најмалку што му е потребно во овој момент е да избира лидери кои се во сенка на поединци – порача Димитриевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.