Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски во Студио 10 на телевизија 24 истакна дека тротоарите се враќаат на граѓаните, по примерот на бул. Октомвриска револуција со  поставување столпчиња кое се покажа како ефикасно.

„Сега имаме кај да возиме велосипеди, што претходно беше невозможно. Градиме нови тротоари со одредена динамика во рамки на можностите кои ги узурпираат несовесни граѓани и тука општината е немоќна затоа што тоа е делот на МВР. Имаме купено пајак возило и е на располагање на МВР, но работи селективно, во еден дел работи, а во друг не“, рече Димитриевски.

Тој потенцираше дека согласно студија се планира да се отворат три главни линии и еден кружен циклус за да се слободи просторот и да може да се користат велосипедските патеки.

„Дополнително ќе градиме и пробиваме нови сообраќајници каде што има тесно грло, но врз реална основа. Со нови кружни токови и паркиралишта успеавме да изградиме и ставиме во функција 4 паркинг простори, плус една модуларна катна гаража. Се со цел поголем број на паркинг места, отворање на сообраќајниците и затворање на некои сообраќајниците во централно градско подрачје“, изјави Димитриевски.

Димитриевски посочи дека концептот „За наше Куманово“ има издржана програма, во која се предвидени нови зелени површини, нови сообраќајници, многу паркиралишта и уште 5 нови кружни текови.

Во емисијата, тој информираше дека Куманово е единствениот град кој има студија за сообраќајна мобилност, а најави и враќање на тротоарите на пешаците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.