Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во изјава за медиумите се заблагодари до сите кумановци за поддршката која му ја дадоа на претстојните локални избори во првиот круг.

Еве еден ден по изборите сакам да се заблагодарам во мое лично име како кандидат за градоначалник и во име на кандидатската листа „Наше Куманово“ за големата поддршка што вчера ја добивме од кумановчани и да упатам порака до оние кои гласаа за нас и до оние кои не успеавме во првиот круг да ја добиеме поддршката дека ќе направиме се да ја добиеме вашата поддршка – изјави Димитриевски.

Тој истакна дека граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ се покажа како вистински граѓански успешен концепт и Куманово тоа го препозна.

Ние продолжуваме во нови борби за наше Куманово со цел Куманово да биде поубаво место за живеење. Ова беше борба на Давид и Голијат. Борба во којашто граѓанскиот концепт успеа да ги победи сите политички субјекти и политички партии, но успеа да почне со демонтажа на еден веќе монтиран систем којшто прави груба злоупотреба на системот во партиско политички цели. Кумановчани и ние тоа го игнориравме и заедно успеавме. Драги мои во следните 14 дена ќе продолжиме заедно, ќе тропнеме на секоја врата и повторно ќе ја побараме вашата поддршка. Да продолжиме заедно да го водиме Куманово во еден организиран и успешен град – потенцира Димитриевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.