Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, во Топ Тема на телевизија Телма информираше дека Куманово од една од најзаглавените финансиски општини е трансформирана во една од најстабилните.

После осум и ипол годишна блокада ги вративме сите долгови и кумановци денеска располагаат со капитал некаде над 4 милиони евра. Имам тим, градиме капацитетност, во моментов Куманово не должи никому ништо. Јавните претпријатија дел од нив ги намалија своите долгови, за жал некои се уште генерираат долгови. Програмата „За наше Куманово“ е развојна и сериозна програма, а ќе продолжиме да го развиваме Куманово во позитивен дух. Со нови зелени површини, нова патна инфраструктура, нови паркиралишта, дополнителни капацитети за сместување. И сето она што значи грижа за младите и највозрасните, да заличи на еден модерен и урбан град.

Димитриевски изрази задоволство што кумановци го препознаа концептот „За
наше Куманово“.

Ние успеавме како граѓански концепт да ја добиеме поддршката од сите граѓани, против сите политички партии и сите планирани пред изборни и пост изборни коалиции. Бројката не е важна, затоа што и еден глас повеќе е важен, а камоли 22 гласа разлика. Коалицискиот капацитет на концептот „За наше Куманово“ во моментов е најголем. И ние ја бараме поддршката од сите граѓани. Верувам дека на 31-ви ќе ја добиеме без разлика на нивната
политичка, партиска и верска припадност, бидејќи така беше и во првиот круг. Нашата работа претходно е препознатлива, граѓаните се комплетно нови во политика. Немаме луѓе коишто континуирано се повторуваат како советници итн. Граѓаните тоа го препознаваат и верувам дека ќе го наградат на 31-ви октомври, а ние преземаме одговорност да се бориме уште повеќе и да дадеме уште повеќе од себе за нашиот град да живее, функционира и работи. Куманово развива индустриска зона, гради инфраструктура, вложува во спортот. Куманово го помага фудбалот, во моментов се работи на спортската сала со средства кои на Куманово му припаѓаат. Ќе работиме и на градскиот базен. Ќе го подигнеме и фудбалот и сите останати спортски гранки. Приоритетот ќе бидат младите и особен осврт на развој на економијата и новата економска зона Новини и Речици“, рече Димитриевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.