Граѓаните бараат владеење на право, а во Македонија нема и затоа се иселуваат од државата, рече во вечерашната емисија „Што не е јасно“ кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и призна дека неговиот лидер, Зоран Заев, не воспостави владеење на право во државата и по четири години како премиер.

Граѓаните сè повеќе си одат од Македонија, и не си одат само што се погодени од социо-економскиот момент, туку првенствено се незадоволни што живеат во системи кои што не се средени, кај што нема ред, нема дисциплина и бараат владеење на право. Бараат постандардни услови живеење, бараат комунална инфраструктура и други нерешени прашања со децении, и тоа не може да се реши преку ноќ, истакна Димитриевски.

Димитриевски посочи дека притоа функционерите треба одговорно да си ги вршат функциите кои што ги имаат добиено од граѓаните, посветено да се работи и да се насочат кон решавање на секојдневните проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.