Денеска остваривме средба со дел од кумановските спортски легенди и луѓето кои својот работен век го имаат потрошено во развојот на спортот и сите спортски активности. Разговаравме на поголем број на теми. Концептот „За наше Куманово“ има намера да продолжи да инвестира во спортот и спортските активности со единствена цел да се дадат поголеми
можности на младите луѓе за соодветен раст и развој“, потенцираше независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски по средбата со кумановските спортски легенди.

Тој изјави дека во општина Куманово се изградени 13 нови спортски игралишта, но трендот е да продолжи вложувањето со нови средства и целосно да се затвори проектот реконструкција на локалитетот Соколана, која што веќе едната фаза е завршена, а во втора фаза е решавање на
кровот, прозорците, вратите.

Дополнително, се работи на кровот на спортската сала, внатрешно
партерно уредување, санитарни јазли, ладење и греење. Нема да го
оставиме и градскиот стадион, ќе го реконструираме во неколку фази. Во
оваа прилика сакам да истакнам дека Куманово е лидер во државата и
регионот во изградба на спортски капацитети. Нашата цел е секоја урбана
заедница во градот да добие свое современо детско урбано и спортско
катче. Ќе продолжиме да инвестираме на локалитет Спомен Костурница“,
истакна Димитриевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.