Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски вечерва на Топ Тема на телевизија Телма истакна дека случајот со снимката со изнуда на средства се води уредна постапка, но не се води по скратена постапка како што е според законот.

„Имаме два пријавени случаи. Прво беше изнуда на средства. Замислете кога лицето пријави во МВР дека му изнудувале средства 10 минути подоцна му се јави истото лице да му каже зошто си пријавил. Ова значи дека комуницира директно со членови на МВР. Во целиот изборен процес во Куманово не го води господинот Илиевски, таму имаме два кандидати Оливер 1 и Оливер 2, го води целиот процес и штаб во МВР којшто за жал е транформиран во МВРО на квадрат и газат по сите страни, бескомпромисно. Извадивме докази за тоа на денот на гласањето како пред гласачки места стојат лица од шеста управа вработени, како насочуваат, за евиденција“, рече Димитриевски и додаде дека се тоа што го прават го инсинуираат на другата страна, познато како „двајца лопови велат држете го крадецот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.