Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека „Едно општество за сите“ се трансформирало во едно општество за поедни фамилии кои дојдоа на власт.

„За жал „Едно општество за сите“ се трансформираше во „Едно општество за поединци“, поедини фамилии кои што дојдоја на власт и всушност почнаа да ги практикуваат старите практики од Груевизмот, денеска цвета криминал и корупција и сето тоа што и се случува на државата, властодршци кои што прават што посакуваат и како посакуваат, мува не ги лази народски кажано, прават буквално сѐ и создадоа приватна држава“, вели Димитриевски.

Тој додава:

Се чувствуваш изигран од своите соборци кои ја приватизираа партијата и државата и направија приватна фирма. Залогот беше многу голем на многу луѓе кои учествуваа во тоа. Денеска пола држава, па и повеќе, ви е разочарана од таквиот однос и на следните избори претпоставувам граѓаните ќе си го кажат своето. Граѓаните никогап не погрешиле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.