Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус на телевизија 21 истакна дека секој глас е за целосна почит и се заблагодари на сите кумановци за поддршката која ја дадоа во првиот круг од локалните избори. Тој рече дека локалните избори беа борба на Давид против Голијат и дека во Куманово борбата е со сите политички субјекти.

Димитриевски рече дека граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ е препознатлив од сите граѓани граѓани, а програмата е базирана на реални проекти.

Како кандидат на СДСМ пред неполни години добив 27 илјади гласови. Каде се сега гласовите на СДСМ сега и на вас како кандидат бидејќи имате некаде околу 7000 гласа и дополнително гласови на ДУИ и останатите коалициони партнери. Дали си поставивте прашање и направивте анализа каде и на кое дереџе вие како кандидат го доведовте СДСМ? Политички договор е повеќе од јасно дека никогаш немало, затоа што доколку имаше политички договор ВМРО-ДПМНЕ ќе немаше кандидат и ќе инкасиравме гласови уште во првиот круг. Тоа се само претпоставки и шпекулации во јавноста како што впрочем многу шпекулации слушнавме овие денови, дури врвот го поминав вчера, шефот на господинот Илиевски, мојот поранешен другар Заев којшто излезе на митинг и рече Максим шпекулира и ќе ги брка луѓето од работа, што апсолутно не е точно. Ниту сум избркал некој досега од работа, ниту пак ќе дозволам некој да биде променет од својата позиција поради сопственото лично убедување на кого дава поддршка. Тоа се методи на господинот Илиевски и Спасовски којшто целиот тек на кампања најгрубо ги злоупотребуваат институциите на власта. Во Куманово, концептот „За наше Куманово“ се бори со сите, ама граѓаните се наша страна, потенцираше Димитриевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.