Во вчерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24 градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски истакна дека енергетската криза е глобален, а не само локален проблем и информираше дека во општинскиот буџет за 2022 година се предвидени средства и за енергетската криза.

Ние направивме пресметки, во буџетот за 2022 година предвидовме дел од потребните средства, но не и целосните износи, бидејќи доколку испланиравме буџети за да се покријат сите сметки за енергетската криза во сегментот на она со што менаџира локалната самоуправа тогаш целите буџети треба да ги насочиме во делот на плаќање на електрична енергија и гасот, а да нема никакви инвестиции. Тоа е недозволиво и не може впрочем така да се состави еден развоен буџет на општина. Ги бараме нашите можности во фазата на преговорите помеѓу Владата и Заедницата на единствена локална самоуправа (ЗЕЛС) кадешто бараме општините и сите општински корисници да имаат третман како и физичките лица во државата, бидејќи ние електричната енергија ја користиме за вршење на одредена надлежност, пред сè пренесена како што е образование, детски градинки, непречено функционирање на општината, на јавните претпријатија коишто се
непрофитабилни организации, ние не сме производство за да плаќаме индустриска струја којашто потоа можеме дополнително да ја вкалкулираме во цената на чинење на производот. Наше калкулирање на овие трошоци ќе значи поскапување на секојдневните давачки на граѓаните за што сме изрично против и бараме начин и решение со Владата тоа да се реши, рече Димитриевски.

Димитриевски посочи дека во основните и средни училишта во Куманово ако во текот на 2020 година плаќале вкупно околу 6 милиони денари, сега на крајот на 2021 година платиле околу 9 милиони денари, а во тековната 2022 година се очекува сметката за месец јануари оваа цена најмалку 7 до 10 пати да биде повисока, што значи дека енормни ќе бидат трошоците.

Во емисијата, тој истакна дека реални проекти за 2022 година се 2 кружни тока – едниот на булевар Октомвриска револуција со Трета Македонска ударна којашто беше испланиран во 2021 година, но поради бирократија не доживеа реализација и ќе отпочне оваа година во месец април.

Другиот кружен ток е на раскрсница Трета Македонска ударна бригада со улица Бајрам Шабани и Гоце Делчев. Третиот проект за кружен ток ќе биде во фаза на подготовка да се реализира 2023 година, а оваа година очекуваме експропријација и пробивање на булеварот Октомвриска до
градскиот стадион, реконструкција на некаде 20тина улици во градот, изградба на 10тина нови улици, нови тротоари, нови паркиралишта.
Дополнително, реконструкција на стариот градски парк, подготовка за реконструкција т.е изградба на нов едукативен парк на локација Проевце 2023 година. Куманово е можеби еден од рекордерите во државата во изградба на спортски терени, имаме направено 13. Направивме
реконструкција на спортската сала, сега одиме во втора фаза, таа е една од најголемите спортски сали во државата, додаде Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.