Поранешниот премиер и пратеник, член на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, во вчерашната дебата на „360 степени“ на „Алсат“ тема реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор по скандалот со масовното прислушување, зборуваше дека во последниве неколку години, за 60-70 отсто од наредбите коишто биле предмет на посебна истражна мерка не е покренато обвинение. Како што вели тој, станува збор за висок процент на наредби без никаков епилог.

Тоа покажува дека имаме еден простор којшто е прилично дискутабилен, имаме висок процент на наредби коишто немаат никаков епилог. Очекувано би било тој процент да биде нешто помал, рече Димитриев.

Тој вели дека формирањето на Оперативно-техничката агенција е еден сегмент од целокупната реформа на безбедносниот сектор, но, според него, поважно е да има ефективна контрола и надзор над целокупниот систем од издавање на наредбата за посебни истражни мерки до реализација на наредбата.

Нашето законодавство дава одврзани раце на собраниската комисија да прави евалуација на целисходноста од посебните истражните мерки. Но, тој сегмент не е воопшто чепнат во нашава земја. Собраниските комисии немаат ниту минимален капацитет за да направат анализи за тоа колку од посебните истражни мерки, наредби, биле со некаква целисходност, истакнува Димитриев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.