За Гордана Димитриеска-Кочоска, предложена за технички заменик-министер за финансии на предлог на ВМРО ДПМНЕ, чест е, но и голема одговорност во вакви тешки времиња за Република Македонија да се влијае на макроекономските текови.

Економијата има сериозни проблеми со задолженоста, со ликвидноста, реализацијата на капитлните инвестии, но јас верувам дека со посветеност, стручност и професионален пристап, како и преку мобилизирање на научната и стручната фела и преку уважување на барањата од реалниот бизнис сектор може да се влијае на промени кои ќе донесат стабилизација и поголема сигурност, вели Димитриеска-Кочоска во изјава за Курир.

Таа смета дека потребно е да се прикаже нов начин на работа и да му се даде предност на квалитетот.

Никогаш во животот не сум бегала од предизвици и верувам дека со моето минато искуство од приватниот и државниот сектор можам да придонесам многу повеќе кон она што претставува наша заедничка цел. Да оставиме да се официјализира предлогот и нормално веднаш потоа да се започне со работа, вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.