Од обработени 93,96 отсто од избирачките места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,13 отсто од гласовите, пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 34,65, ДУИ 11,57, Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, Левица 3,96, ДПА 1,48, а Интегра 1,33 отсто.

ГДУ освоила 0,37 отсто од гласовите, МОРО 0,36 , Глас за Македонија 0,3, Единствена Македонија 0,29, СДУ 0,27,  Твоја 0,2, Демократи 0,17, а Народна партија на Ромите 0,15 отсто од гласовите.

Портпаролот на ДИК Адмир Шабани на прес-конференција рече дека вечерва нема да биде соопштено која партија колку мандати освоила. Распределбата на манадатите, како што додаде, ќе биде направена утре откако ќе бидат добиени и целосно обработени сите податоци.

Шабани повтори дека веб страницата на ДИК била цел на надворешен хакерски напад и дека стручни лица работат на нејзино повторно ставање во функција, а надлежните институции ќе треба да утврдат што точно се случило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.