ДИК доцна попладнево ги објави конечните неофицијални резулати од предвремените парламентарни избори во државата според кои од вкупниот број на избирачи впишани во избирачкиот список (1.814.236 ) вкупно на гласање излегле 942.334 гласачи. Вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња изнесува 869.889. Вкупниот број на важечки гласечки ливчиња изнесува 910.868, а вкупен број на неважечки гласачки ливчиња изнесува 31.466 гласачки ливчиња.

На ниво на цела држава коалицијата „Можеме“ освоила 327.329 гласови, ВМРО-ДПМНЕ и другите 315.344 гласови, ДУИ 104.587 гласови, Алијансата за Албанците и Алтернатива освоиле 81.297 гласови, Левица 37.551 глас, ДПА 13.891 глас, Интегра 12.291 глас, ГДУ 3.555 гласа, МОРО 3.245, Глас за Македонија 2.801 глас, Единствена Македонија 2.604 гласа, СДУ 2.585 гласа, ТВОЈА 1.894 гласа, Демократи 1.556 гласови и Народната партијата на Ромите 1.225 гласа.

Кога станува збор за мандати, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ доби 46 мандати, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби 44 мандати, следува ДУИ со 15, Алијанса за Албанците со 12, Левица со 2 мандати и ДПА со 1 мандат.

Освоени мандати по изборни единици:

ИЕ 1: СДСМ 8, ВМРО-ДПМНЕ 7, ДУИ 2, АА&А 2, Левица 1

ИЕ 2: ВМРО-ДПМНЕ 7, СДСМ 7, ДУИ 3, АА&А 1

ИЕ 3: ВМРО-ДПМНЕ 10, СДСМ 9, Левица 1

ИЕ 4: СДСМ 10, ВМРО-ДПМНЕ 10

ИЕ 5: СДСМ 8, ВМРО-ДПМНЕ 8, ДУИ 3, АА&А 1

ИЕ 6: ДУИ 7, АА&А 7, СДСМ 4, ВМРО-ДПМНЕ 2, ДПА 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.