Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени причини не можат да се вклучат во работата на овие изборни органи.

Упатството се однесува за набљудување на изборите за невладините организации, било домашни било за меѓународни набљудувачи и го регулира начинот, постапката, правилата под кои треба да се однесуваат и да ги набљудуваат изборите, појасни Борис Кондарко, член на ДИК.

Појасни дека од Упатството се тргаат одредени алинеи поради овозможување поголема транспаретност и слобода во работата на набљудувачите на изборите.

Да не се остави формално простор за евентуални можни различни толкувања на дел од овие одредби поврзани со набљудувањето на процесот, односно да нема забуни или погрешна примена од кого било во процесот. Значи, целта на ДИК е што е можно повеќе да се зголеми опфатот и достапноста на набљудување на процесот од страна на кој било меѓународни и домашни организации, кои се акредитирани од ДИК и да им се овозможат подобри услови за работа, рече Кондарко.

Се очекува, ДИК уште денеска да го објави ова Упатство на својата веб страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.