Врз основа на податоците од гласањето во 89,24 проценти од гласачките места, според Државната изборна комисија до 15 часот на гласање излегле 464.087 гласачи или 28,76 отсто.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски ја соопшти излезноста во дел од општините: Аердром 35,45%, Арачиново 14,75, Берово 34,75, Битола 32,82, Боговиње 12,12%, Бутел 29,24, Валандово 32,5, Велес 32,11, Врапчиште 12,28%, Гевгелија 39,26, Ѓорче Петров 33 проценти, Делчево 37,69, Доленин 16,75, Илинден 29,18, Кисела Вода 34,99, Карпош 37,69, Кавадарци 39,01, Македонски Брод 42,22, Охрид 36,77, Ново Село 31,75, Прилеп 43,85, Радовиш 22,89…

Дерковски рече дека резултатите што пристигнуваат од останатите општини нема многу да го променат процентот на излезеност.

Тој оценидека врз база на податоците нема посериозни нарушувања на изборниот процес. Во ДИК се пристигнати 8 приговори за нарушување на гласачкото право, за што ДИК ќе расправа на седница по прес конференцијата.

Дерковски напомена дека тие не се од суштинска природа за кои може да се рече дека го нарушуваат изборниот процес. Оцени дека денот минува мирно и се надева дека ќе заврши без поголеми нарушувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.