Државната изборна комисија (ДИК) денеска во целост ги демантира насловите во одредени медиуми во кои се наведува дека Комисијата ги почнала подготовките за предвремените парламентарни избори.

Единствените активности, како што се наведува во соопштението, кои ДИК ги реализира во моментот се активностите поврзани со нејзиното тековно функционирање.

Ве информираме дека ДИК, во целост ја почитува Уредбата со законска сила за прашањата поврзани со изборите бр.442413/1 од 21 март 2020 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија, врз основа на која ДИК усвои Заклучок за прекинување на сите изборни дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, закажани за 12 април 2020 година бр. 08-1022/1 од 22 март 2020 година, се потенцира во соопштението од ДИК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.