На страната на Државната изборна комисија на избирачки места кои се наоѓаат во Кисела Вода и Карпош може да се види дека најголем број гласови освоила партијата ДУИ на вчерашните парламентарни избори.

Споредено со парламентарни избори одржани во 2016-та година на истите две избирачки места ДУИ има освоено вкупно 3 гласа, што не е случај сега. Според ДИК, оваа година ДУИ на избирачкото место во Карпош има над 58 проценти од гласовите, додека на избирачкото место во Кисела Вода повеќе од 49 проценти.

Дали станува збор за системска грешка на страната на ДИК која од вчера не е во функција останува нејасно.

Дека новиот софтвер на ДИК направил вистински хаос со резултатите од гласањето, па хаосот е толкав што преку 80.000 гласови се погрешно распоредени, објави и „Канал 5“ повикувајќи се на извор од ДИК.

Дека нешто не е во ред покажува и графиката од ДИК, според која во Ново Село, Струмичко победила коалицијата на Алијанса на Aлбанците и Алтернатива, а пред ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.