Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница, по завршување на сите постапки, ги објави конечните резултати од вториот круг за градоначалник во општините Желино, Брвеница, Студеничани и Старо Нагоричане.

Во вториот круг од изборите во Желино победи кандидатот на Движењето Беса, Блерим Сејди, во Брвеница Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ, во Студеничани  Азем Садики од ДПА, во Старо Нагоричане Жаклина Јовановска од СДСМ.

Општинските изборни комисии треба веднаш да ги објават резултатите и да ги достават до ДИК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.