Вкупно 2.141 приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите пристигнаа до Државната изборна комисија, заклучно со вчера до 19:30 часот кога истече рокот за поднесување.

Вчера 1.982 приговори поднеле од Левица, а пред нив, истиот ден, Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива поднела 77 приговори. Во петокот беа поднесени 82 приговара, од кои најголем број – 74, се исто така од Алијанса за Албанците, но има и два од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето. СДСМ, како што најави, нема поднесено приговори за овие избори.

Во петокот пак во 21 часот заврши рокот за поднесување приговори за постапката за гласање.

Роковите за приговори почнаа да течат од четвртокот вечерта, откако ДИК ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите.

По завршувањето на роковите за поднесување приговори, ДИК се очекува да закаже седница денеска, а најдоцна во понеделеник на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува, по нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.