Додека синот на Катица Јанева, Лазар тврдеше дека мајка му телефонот си го изгубила во Белград, според неофицијални информации телефонот е пронајден кај сестрата на неговата девојка. Од обвинителството за сега не ја потврдуваат информацијата за тоа каде е најден телефонот но тврдат дека е кај лице кое рекло дека е добиен на подарок. Извори од СЈО пак за Телма велат дека токму девојката на синот на Јанева, е вработена во самото СЈО. Во специјалното обвинителство имало информации дека Јанева има и приватен втор телефон освен службениот, но со нив не разговарала од него. Обвинителството за организиран криминал им наложило на мобилните оператори да го лоцираат преку неговиот ИМЕИ. Сега е одземен и даден на вештачење.

Со цел утврдување на натамошни факти, мобилниот телефон по наредба на обвинителството ќе биде предмет на вештачење. Истовремено, обвинителството испитува дали вториот мобилен телефон бил средство на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, велат од Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.