На 16 февруари на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга делегатите ќе бираат меѓу девет поднесени кандидатури за претседател на Република Македонија.
-
Никита Шекутковски, доктор на математички науки и редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје, член на Институтот за математика.
-
Ѓорѓи Манасков, машински инженер и претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија.
-
Васко Костов, фармацевтски техничар.
-
Влатко Ѓорчев, правник, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
-
Гордана Силјановска-Давчева, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем.
-
Илија Димовски, професор во пензија на Шумарски факултет при УКИМ во Скопје.
-
Филип Петровски, доктор на политички науки и поранешен директор на Државниот архив на Република Македонија.
-
Горан Ангелов, правник, поранешен градоначалник на општина Виница во два мандати и претседател на ЗЕЛС во еден мандат.
-
Сашо Кутлешовски, доктор по земјоделски науки.
Сите кандидати кои ги исполнуваат условите за претседателски кандидат ќе им биде обезбедено време и простор за презентација на нивната програма од страна на партијата пред општинските комитети и членовите во период од 6 до 16 февруари.
ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи достапност до партиските ограноци за секој кандидат подеднакво, согласно принципите на демократијата, со цел членството да може да ги слушне нивните идеи, ставови и аргументи.
ВМРО-ДПМНЕ е прва партија во Македонија, која отвора еден вака широк процес на презентација типичен за развиените демократии, каде секој кандидатот има можност за непосредни средби со членството и негово запознавање со своите гледишта за државата.
Ваквиот процес е со цел низ еден транспарентен и демократски процес да биде избран кандидатот кој ќе го претставува мнозинското мислење на граѓаните, ќе ги застапува нивните идеи и ќе работи во согласност со Уставот и законите во полза на сите граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.