Девет дена по тешката сообраќајна несреќа која се случи на патот Скопје – Тетово во која животот го загубија 15 лица, двајца пациенти се уште се во тешка состојба, а останатите десет кои се лекуваат се стабилни, соопшти Министерството за здравство.
Во моментот во Градската општа болница се наоѓаат осум пациенти, од кои еден пациент е во тешка состојба и се лекува на одделот за хируршка-интензивна нега, а останатите пациенти се во добра општа состојба. Што се однесува до состојбата на повредените кои се сместени во комплексот клиники, информираме дека на КАРИЛ во моментов се третираат тројца пациенти, од кои еден е во тешка состојба, додека другите двајца се стабилни. На Универзитетската клиника за неврохирургија има една пациентка и таа во моментов е во стабилна состојба, соопшти Министерството за здравство.
Пациентот од трауматологија во текот на денешниот ден ќе биде пуштен на домашно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.