На Инфективната клиника во изминатото деноноќие се примени 12 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 162 пациенти. На кислородна поддршка се 137 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се девет позитивни и едно дете суспектно на Ковид-19, како и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има осум приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се три пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 55 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 472 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.