Дете од градинка во Неготино е позитивно на Kовид-19, a во изолација се 13 деца и двајца вработени – воспитувач и негувател.

Како што потврдува за МИА, д-р Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци, како последица на Ковид-19, починал и кавадарчанец на возраст од 73 години.

Во последните 24 часа, Центарот за јавно здравје бележи 48 новозаразени, од кои 25 во Кавадарци, 20 во Неготино, двајца во Демир Капија и еден нов слулај во Росоман.

Новите заразени се на возраст до 67 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.