Женски прсти со црвен лак бројат и ги редат во скапа торба (Луи Витон) дел од 1,5 милиони евра кои им биле исплатени на Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Зоки Кичеец) во случајот Рекет. Ова го има на дел од видео материјалот кој е доказ во случајот Рекет, дознава Вечер.мк од извори во истрагата.

Не сум сељак како Зоки Кичеец да ти пратам во црна ќеса, во Луи Витон од скапите ќе бидат наредени, вели машко лице во разговор по телефон на женско лице кое се смее на оваа забелешка.

 

Добро, рачунај дека со нас работата е завршена, а и до Апелација ќе средиме. На Врховен, таму се ваши, му вели женското лице на машкото.

Чиј е овој женски глас треба да покаже истрагата на обвинителството.

Потоа парите се наредени во патната торба во апоени од по 50 евра, со спецификација од банка дека се чисти и податок колку има во торбата. Торбата е Луи Витон, платена 3.500 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.