Маратонската лидерската средба заврши со фијаско. И по седум часа преговарачките тимови на власт и опозицијата не успеаја да се договорат како да биде устроено новото обвинителство кое би се формирало од постојното Обвинителство за органзиран криминал и корупција и СЈО, кое би згаснало со новоиот Закон за ЈО.
Опозицијата обвини дека власта ги враќа на прашања за кои се сметало дека се затворени и дека преговарачкиот тим на чело со Зоран Заев не сака договор туку по секоа цена на чело на новото обвинителство да застане шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска.
Извори од преговарачкиот тим на опозцијата говорат дека на лидерската средба премиерот Зоран Заев се борел новиот оддел на обвинителството да не ги гони случаите „Рекет“, „Поткуп на Вартоломеј“, „Тендерите на Пашковски“. Најнервозен бил Заев, затоа што се споменувал во случајот „Рекет“ и директно инсистирал да го води обвинителката Вилма Рускоска, која ја предлагал и за шефица на одделот за кој се разговарало вчера на преговорите.
Заев бил загрозен и од скандалите кои се врзуваат за неговиот брат Вице, и евентуалната правна разрешница на овие случаи.
Според изворите, во еден момент на средбата премиерот Зоран Заев нервозно рекол дека нема да дозволи да бидат отворени случаи против него и дека бара да има контрола врз првиот човек на новиот оддел. Премиерот Зоран Заев практично и признал дека не прифаќа договор за јавното обвинителство затоа што бара амнестија за скандалите и сомнежите за криминал во кои е вплетката актуелната власт, а за кои не се отворени постапки ниту по две години.
Во еден дел од разговорите самиот Заев се согласи за нов сектор во Обвинителството, кој нема да биде надлежен за предметите и скандалите кои се актуелни, туку ќе гони корупција од датумот на формирање на органот, вели извор од преговарачкиот тим на опозицијата.
Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев грчевито се бори да го задржи влијанието врз обвинителството инсистирајќи на чело на новото обвинителство за органзиран криминал и висока корупција да застане досегашната шефица на Обвинителството за органзииран криминал и корупција Вилма Рускоска.
Евидентно било дека Заев најмногу се плаши од одмотувањето на клопчето за „Рекет“, кое води директно кон него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.