Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, извести дека се откажува од статутарното право да предложи свои претставници кои ќе ја следат работата на Централната изборна комисија и општинските изборни комисии, како и претставник и заменик во секој избирачки одбор.

Се откажувам од ова право, затоа што СДСМ значи заедништво, доверба. Но, првенствено дека мојата цел со оваа кандидатура е единство, бидејќи верувам во интегритетот на нашето огромно семејство социјалдемократи, чесни луѓе кои силно ја вреднуваат демократијата и партијата“, напиша Деспотовски на фејсбук.

Тој додава дека внатрепартиските избори ќе бидат, како што истакнува, вистински празник на демократијата и тие, според него, ќе создадат нова политичка култура во целата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.