Новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски им се заблагодари на Ременски и на Деспотовски за демократската атмосфера во изборот на нов лидер на СДСМ и најави дека ќе ги ангажира и повторно ќе соработува со нив како и досега.

Јован Деспотовски во обраќањето изјави дека неговиот „Концепт 28“ останува во партијата за да може да се искористи таму каде што има потреба.

Искрени честитки за Таче, честитки за Фросина за машката борба. Таче ќе ја има обврската заедно со сите нас да се обидеме уште повеќе и уште подобро и да бидеме вистинска авангарда во регионот. Продолжувам со Концепт 28 и од утре од срце ќе продолжам да работам за партијата како обичен член, рече Деспотовски.

Од утре продолжувам да придонесувам како член на партијата, истакна вечерва Јован Деспотовски, по изборната трка во СДСМ, а одговарајќи на прашањето дали би прифатил министерска позиција.

Уште еднаш ќе повторам дека од утре сум повторно член на партијата. Не би прифатил друга позиција бидејќи во тркава за претседател не влегов поради некаков личен бенефит, истакна Деспотовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.