Во гостувањето во вонредното издание на „Отворено“ на Алфа гостин вечерва беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој кажа дека новото секојдневие во Македонија е победата на кандидатот поддржан од неговата партија, Гордана Силјановска Давкова, а контра најавите на премиерот Зоран Заев и неговата партија.

Деспотот е на колена, доаѓа крајот на ова несреќно владеење на СДСМ и Зоран Заев и целата онаа неправда која што на ним им се причинува од овие малку властодршци се уште лојални на Зоран Заев, ќе биде исправена веднаш по доаѓањето на нова честита Влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Мицкоски кажа дека најавата на Заев за метлата и на лица членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, значи притисок врз вработените за да гласаат за неговиот кандидат. Тој им порача на Заев и соработниците да се спремаат за политичка пензија, бидејќи следувале предвремени парламентарни избори каде тие ќе паднат од власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.